Филипче: Влегуваме во есенскиот бран, почитувањето на мерките е единствена алатка за заштита

- Македонија
342
Mинистерот Филипче предупредува дека високите бројки на заразени  деновиве, се јасен полазател  дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.
-Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола. Целиот менаџмент и Комисијата за заразни болести даде сѐ од себе изминатиот период да подготви протоколи, да го реорганизира системот и да го дочекаме подготвени есенскиот период.
Како министер нема да дозволам да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење. Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор.- вели Филипче.
Рестрикции и мерки ќе се носат секогаш кога ќе биде проценето дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје.
-Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. Во оваа прилика сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам на свесноста и совесноста. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три.-пишува министерот во својата објава.
Филипче повика на обединување и меѓусебна поддршка и следниот период да се помине со почитување на мерките.
Strugaonline

Facebook Коментари