Филипче: Во моментов се тестираат седум лица, тестирање следува и за 50 до 80 жители од Дебар

- Македонија
864

Нема новозаболени пациенти од корона-вирус во Македонија – информираше министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Во овој момент се тестираат 7 пациенти,  тројца од Дебар, двајца од ЦЈЗ Штип и двајца на Инфективната клиника. За последните четворица се знае дека дошле од Австрија или од Германија, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека во текот на денешниот или утрешниот ден, ќе се тестираат од 50 до 80 жители на Дебар, за кои постои сомневање дека имале контакт со заболени лица.

Министерот потврди дека првата пациентка која беше заболена од корона вирус денеска оди на домашно лекување.

– Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, од кои 13 на Клиниката за инфективни болести, пациентката од Дебар која е на респираторна машина е стабилна, а стабилна е состојбата и на пациентите во Дебар кои се на домашно лекување. Подготвен е и списокот на лекари, анестезилози и медицински сестри кои би ротирале доколку има потреба. Искрено се надевам дека нема да дојде до тоа сценарио да имаме многу пациенти на машина за дишење. На располагање се блузи 440 медицински сестри, 200 анестезиолози од целата држава, додаде Филипче.

 

 

Facebook Коментари