Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

- Македонија
723

Со 153 гласа „за“, 146 „против“ и еден воздржан Парламентот на Грција денеска го ратификуваше Договорот од Преспа.

Позитивно за решението на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција гласаа 145 пратеници од СИРИЗА (целата пратеничка група), седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци.

Со поединечно прозивање сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат „за“, „против“ или „воздржано“.

Извор: Нова Македонија

фото: архива

Facebook Коментари