Исплатата на пензии започнува од понеделник, ова е распоредот

- Македонија
547

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за септември 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.09.2020 година за да се обезбеди пензионерите со септемвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2020 година во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 28.09.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 29.09.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во среда, на 30.09.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во четврток, на 01.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари