Владата одлучи-Ќе се гради железничка пруга Кичево – граница со Р. Албанија

- Македонија
535

Владата на Република Северна Македонија  ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази, и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на проектот „Изградба на железничка пруга Кичево – граница со Р. Албанија, прва фаза делница Кичево – Струга“, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

Strugaonline

Facebook Коментари