Koмисијата за заразни болести предлага влез за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со ПСР тест

- Македонија
432

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.-информираат од Министерството за здравство.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Strugaonline

 

Facebook Коментари