Авалон Продукција најавува дека LENNY KRAVITZ доаѓа во Скопје.
„Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.
Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.
За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.“ – стои меѓудругото во соопштението од Авалон Продукција.
Сите детали околу билетите ќе бидат објавени во понеделник навечер на Facebook страницата на Авалон продукција.
Strugaonline
Facebook Коментари