Mинистерката Царовска и премиерот Заев ја претставија платформата за онлајн настава

- Македонија
483

-Создадовме Единствена национална платформа за онлајн учење која ќе биде решение за одржување на наставата и во услови кога се соочуваме пандемија. Оваа платформа ќе биде поткрепа на учењето и во време на настава со физичко присуство. Платформата овозможува, учениците и наставниците заедно да го унапредуваат образованието и да создадат вредност која е од неизмерно значење за државата. Огромно признание за експертите од ФИНКИ, вработените во МОН и во Бирото за развој на образование коишто со силен ентузијазам работеа на развивањето на платформата.-вели министерката за образование Мила Царовска која денеска заедно со премиерот Заев ја претстави платформата за онлајн учење.

-Наставникот ќе може да ги користи сите видео и аудио материјали од платформата. Ќе има квизови и брзи тестови кои ќе бидат поставени на платформата. Учениците директно ќе се вклучуваат во доградување на платформата за да ја адаптираат на своите потреби.  Платформата е преведена на сите наставни јазици. За користење на платформата најпрво се обучија 30 обучувачи од голем дел од општините од нашата држава. Обуката се изведува на три наставни јазици, а  веќе обучените лица ќе ги обучат и сите наставници на ниво на поединечни училишта – изјави Царовска.

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца кои немаат техничка опрема за следење на онлајн наставата, а часови ќе имаат и на Националната телевизија.

„Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца ќе имаме часови кои ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите коишто треба да ги добијат во училиште“, рече министерката за образование Мила Царовска.

 

Facebook Коментари