Министерот за здравство ќе разговара со семејството на Леонид за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

- Македонија
99
Владата на Република Северна Македонија на вчерашната  седница го разгледа случајот на Леонид Индов, за што детално информираше министерот за здравство.
-Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов. Во врска со ова прашање, Владата донесе заклучок со којшто го задолжи министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што тој ќе ја информира Владата за конкретното изнајдено решение.- стои во владиното соопштение.
Strugaonline

Facebook Коментари