Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга

- Македонија
403

Наајголем годишен бруто доход по сите основи од годишната даночна пријава од 453,1 милиони денари остварила скопјанка, што е двојно повеќе од најголемиот остварен годишен бруто доход во 2019 година.информиаше на денешната прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
-Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105,2 милиони денари. На листата највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток, трговија со тутун и игри на среќа, рече Лукаревска.
Таа прецизира дека највисокото лично примање по однос на извршена работа изнесува 63,2 милиони денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци.
-Највисоката капитална добивка во износ од 151,6 милиони денари е остварена од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 306,3 милиони денари е исплатена исто така на граѓанин на Скопје сопственик на бизнис н за трговија со автомобили и моторни возила. Највисок доход од вршење на самостојна дејност е 73,5 милиони денари и го остварил скопјанец. Во десетте топ рангирани се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електроинсталатори и производители на амбалажи од хартија, рече Лукаревска.

Facebook Коментари