Од 1 јули поскапува струјата

- Македонија
272

Струјата поскапува за 2,5 отсто. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени за електрична енерегија кои ќе важат од први јули.  Домаќинствата кои се во првиот и вториот тарифен блок ќе плаќаат речиси исто како и во последните шест месеци. Оние пак домаќинства кои повеќе трошат, односно се во третиот и четвртиот блок ќе добиваат сметки повисоки за околу 10 отсто. Регулаторот цените во блок тарифите ги објавува без ДДВ, и неговата пресметка покажува дека најголем дел од домаќинствата ќе имаат намалување на цените, но кога од први јули ќе се врати ДДВто од 10 на 18 отсто, тогаш се добива ралната слика.

„Намалување без ДДВ е 7,04 отсто, со ДДВ математички пресметано е намалување од 0,28 отсто. За вториот блок е зголемување поради ДДВ то од 2,88 отсто, за третиот блок има зголемување од 9,99 отсто, за четвртиот е зголемување од 9,87, поради ДДВ-то“, вели Марко Бислимовски Претседател на РКЕ.

Дневната евтина тарифа на електричната енергија ќе се врати од декември годинава. Сите броила до тогаш ЕВН ќе има обврска да ги приспособи и граѓаните да користат струја со пониска тарифа од 13 до 15 часот. На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и во неделите.

Извор: ТВ24

 

Facebook Коментари