Од денеска полицискиот час ќе започнува од полноќ

- Македонија
526

Од денеска на сила стапуваат новите мерки наКомисијата за заразни болести. Полицискиот час ќе започнува на полноќ, а ќе трае до 4:00 часот.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот почнувајќи о д 12-ти мај.

Од вчера, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Отворени се и теретаните и фитнес центрите.

Strugaonline

Facebook Коментари