Од денеска започнува аплицирањето за финансиската поддршка за плати од петтиот пакет мерки

- Македонија
298

„Од денес па до 30-ти април, фирмите и самостојните вршители на дејност, можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март. Ова е дел од петтиот пакет мерки“, изјави денес министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференција.

За оваа намена од Буџетот се издвоени 1,9 милиони денари, кои ќе опфатат околу 60.000 работници.

„Исплата на работниците ќе биде во распон од 14.500 денари до 21.770 денари по месец, во зависност од процентот на намалување на приходите на компаниите во претходните 3 месеци. Исто така, 50 проценти од исплатата-помош да се трансформира во грант, без никакви услови. За оние пак, кои во текот на годината, ќе инвестираат во основна опрема, целата исплатена помош ќе биде трансформирана во грант-средства“, истакна  Бесими.

 

 

Facebook Коментари