Oд полноќ поевтинува дизелот, цената на бензинот останува непроменета

- Македонија
67

Од вечерва на полноќ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на бензините останува иста- соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката дизелот ќе се точи за 61 денар за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за   50 денари за литар.

Цената на бензните останува непроменета, па така и во наредните седум дена Еуросупер БС 95 ќе чини 68 денари, а Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 70 денари.

Цената на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,539 ден/кг и ќе изнсеува 37,885 денари за килограм.

Овие цени ќе важат во следните седум дена.

Strugaonline

Facebook Коментари