Од полноќ поевтинуваат бензините, ова е новиот ценовник

- Македонија
395

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 , се намалуваат за 2,50 ден/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 98,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и
на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со
одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.07.2022 година.

Facebook Коментари