Од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
511

Од ноќеска на полноќ, за три денари ќе поевтинат бензините, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара.-одлучи денеска Регулаторнака комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а 68,50 на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари
ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,361 денари.

 

Facebook Коментари