Од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
587

Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата – одлучи РКЕ.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините се замалува за половина денар, па новита цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,50, а на Еуросупер БС-98 69,50 денари за литар.
Еуродизелот и Екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар и ќе се точат за 60, односно 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалуваза 1,490ден/кг и ќе изнесува 36,395ден/кг.

Овие цени ќе важат во следните седум дена.

Strugaonline

Facebook Коментари