Од полноќ поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

- Македонија
629

Од вечерва на полноќ нови цени на нафтените деривати. -одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Согласно одлуката, цената на бензините останува непроменета, односно Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 68,50, а Еуросупер БС-98 за 70,50 денари за литар.

Со новата одлука за половина денар поскапуваат Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, па новите цени ќе бидат 61,50, односно 50,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 0,229ден/кг и ќе изнесува 33,186ден/кг.

Strugaonline

Facebook Коментари