Време: Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

- Македонија
51

Денеска ќе преовладува претежно облачно време. Ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд а на планините врнежи од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени. Утре ќе биде претежно облачно, во утринските часови во јужните делови со врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Извор: УХМР

Facebook Коментари