Од среда следува затоплување на времето

- Македонија
74

Во моментот се наоѓаме под влијание на студена воздушна маса од северна и од североисточна Европа која условува температури под просекот за овој дел од годината. Сепак, ова нема да потрае уште многу долго поради тоа што веќе од среда па натаму под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме значителен пораст на максималните дневни температури на взодухот и истите на многу места, од среда, па во деновите по среда ќе надминуваат 20 степени, додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат и до околу 26, 27 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Локално повеќе облачност ќе има во четврток и во петок кога локално  не се исклучува можноста за појава на краткотраен послаб дожд. Исто така, особено во четврток ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец и тоа најмногу изразен во западните предели од државава и во Пелагонија.

Инаку до крајот на денов ќе се задржи променливо облачно и свежо време со сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 12 до 18 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари