Време-Од утре се очекува значително затоплување

- Македонија
504

До крајот на денов ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена локална облачност додека поголема облачност и тоа особено претпладне ќе има во југозападните и источните предели од државава. Максималната дневна температура ќе биде малку повисока и ќе се искачува во интервалот од 15 до 22 степени. Веќе од утре  под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, ќе има позначителен пораст на температуритекој на многу места ќе се искачуваат и над 20 степени. Во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и до околу 25, 26 степени. Времето ќе биде сончевo со умерена локална облачност, а особено во петок попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утре ќе дува умерен, а особено на запад и во Пелагонија, повремено засилен ветер од западен правец, додека во петок истиот ќе го промени правецот во северен и особено поизразен ќе биде на север како и Долж Повардарието. Северниот ветер во петок ќе услови краткотрајно и мало опаѓање на температурите на воздухот.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари