Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тест – предложи Комисијата за заразни болести

- Македонија
425

Kомисијата за заразни болести утрово донесе предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, без ПЦР-тестирање, информира Министерството за здравство.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на внесени случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата на Рeпублика Северна  Македонија.

Facebook Коментари