Пендаровски: Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба

- Македонија
1110

Претседателот на Република Северна Македонија, Г-дин Стево Пендаровски, денеска беше во посета на армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу“  во Теотово.

„Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани сè уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни институции и ваков тип состојба. Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава, меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука, таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 дена“, изјави Пендаровски.

Toj додава дека армијата ќе биде ангажирана на терен секаде кадешто има потреба за поддршка на министерството за внатрешни работи, но и на локалната самоуправа.

Strugaonline

Facebook Коментари