Поради магла намалена видливост на неколку патни правци во земјава

- Македонија
313

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 м има на патен правец Тетово – Групчин И од 50м до100м на патните правци Битола-Прилеп, Охрид-Струга, Скпје-Кумануво, Скопје-Велес, Велес-Катланово и Кочани-Штип.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премин, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: AMСМ

Facebook Коментари