Потребни се уште околу 20 илјади евра за Петар да замине на операција во Турција

- Македонија
203

Време е повторно да ја покажеме  својата  хуманост и сите заедно да му помогнеме на младиот Петар од Охрид кој има потреба од хируршка интервенција во Турција.

– Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра. Потребни се уште околу 20 илјади, а ние финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин, односно со донации. Затоа Ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе успешното лекување на Петар, апелира Гордана Попоска, мајката на Петар.

Сите кои се во можност можат да донираат на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143460

Телеком 143 128

Facebook Коментари