Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада на Зоран Заев

- Македонија
385

Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев.

„Врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, за мандатор за состав на Влада на Република Северна Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање, Заев најави дека во наредниот уставен рок од 20 дена ќе предложи квалитетни кадри за владиниот кабинет и квалитетна владнина програма којашто ќе донесе подобар живот на граѓаните и почеток на преговорите со ЕУ.

Заев сега има рок од 20 дена да состави мнозинство.

Strugaonline

Facebook Коментари