Претставата „Секс, лаги и љубомора“ во четврток и петок на репертоарот на Охридскиот театар

- Македонија
121

Претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, ќе се прикажува на репертоарот на Охридскиот театар, во четврток и петок, на 14-ти и 15-ти март 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

 

– Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Охридскиот театар.

Улогите ги толкуваат актерите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Билетите се пуштени во продажба од денеска, 11-ти март по цена од 250 денари. Резервации за претставата која ќе се игра во малата сала не се примаат и билетите ќе се продаваат само на билетарата при центарот.

Facebook Коментари