Продолжуваат интензивните врнежи од дожд, можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини

- Македонија
388

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. Во текот на вчерашниот ден најмногу дожд наврна во Демир Капија (59 l/m2), Скопје-Петровец (54 l/m2), Охрид (50 l/m2) и  Пожаране (37 l/m2).

-Во текот на денешниот ден исто така, на поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на места над 30 l/m2), при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата. На одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, така што можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.-информираат од секторот за хидрлогоија при УХМР.

Strugaonline

 

Facebook Коментари