„Proud“ е насловот на песната со која Тамара Тодевска ќе оди на Евровизија

- Македонија
1085

Со  песната  со работен наслов „Proud“ , Тамара Тодевска  ќе ја претставува Македонија  на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив. Евровизиската песна е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Ова е одлучено од страна на консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година.

Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста. Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.

Facebook Коментари