Работна група ќе расправа за минимална пензија и мерки за помош на пензионерите

- Македонија
278

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за формирање Работна група за разгледување предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите и го донесе Решението за формирање на Работната група.

-Работна група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите е задолжена да достави до Владата соодветен и финансиски издржлив предлог за најниската пензија и предлог мерки за помош и поддршка на пензионерите.-стои во владиното соопштение.

Strugaonline

Facebook Коментари