РКЕ објави нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ

- Македонија
548
Нови цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС – 95 ќе поскапи за половина денар и ќе се продава за 67 денари. Цените на останатите деривати ќе останат исти, односно Еуросупер БС -98 и натаму ќе се точи за 69 денари, дизелот е 60 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 49,50 денари.

Овие цени ќе важат во следните седум дена.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари