РСБСП со порака по повод Европската недела на мобилност: Возењето велосипед може да го спаси светот и да го направи Вашиот живот подобар!

- Македонија
488

По повод Европската недела на мобилност РСБСП  потсетува: „Возењето велосипед може да го спаси светот и да го направи Вашиот живот подобар! Одважи се, вози велосипед!

,,European Mobility Week,, – „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која  на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година,  во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во наредните 7 дена ќе реализира низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.

Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки и многу други.  Како резултат на сите овие бенефити, луѓето сѐ повеќе ги заменуваат своите автомобили со велосипеди како начин на мобилност и транзитирање до посакуваната дестинација. Истражувањата покажуваат дека во измината деценија бројот на луѓе кои патуваат до своето работно место со велосипед, континуирано  се зголемува од ден на ден и позитивно е оваа појава да продолжи и во иднина.

 

Facebook Коментари