Познатиот ракометар од Струга, Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенција за млади и спорт.
Мојсоски на оваа функција доаѓа на местото на Дарко Каевски кој стана пратеник во Собранието.
За националниот тим на Македонија одигра повеќе од сто натпревари.
Својата кариера како играч, Мојсоски ја заврши во 2016 година.
Последниве две години беше претседател на РК Струга и е еден од организаторите на Интернационалниот турнир во ракомет што секоја година во август се одржува во Струга.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари