Се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид 19

- Македонија
446

Во периодот од 21-ви до 27-ми февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 39,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица  во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела.

Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 51,0%, односно 47,1% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 41,1%.

Најголем број на вакцинирани лица (со прва или втора доза) е регистриран во 33та недела од 2021 година. Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 2.846, од тоа 332 се први дози, 851 како втора доза и 1.663 аплицирани како трета доза. 

Facebook Коментари