Серија земјотреси на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин

- Македонија
544

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје започнувјќи од вчера 17.11.2019 и во текот на денешниот ден регистрирше серија на земјотреси, чиј епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Република Грција.
Најсилни до сега од оваа серија се земјотресите од 17.11.2019 г., во 15 часот и 40 минути и земјотресот денес во 7 часот и 41 минута. Првиот беше со локална Рихтерова магнитуда 3.3 додека вториот со магнитуда 3.0.
Овие два земјотреса беа почувствувани со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала во околината на пограничниот премин Меџитлија, додека во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според истата скала.

Strugaonline

Facebook Коментари