Претставата „Аналфабет“ во среда пред охридската публика

- Локални
92
Претставата „Аналфабет” – комедија според Бранислав Нушиќ, а во  режија Ѓорѓи Ризески, повторно на репертоарот на Охридскиот театар. Истата ќе биде изведена во среда со почеток во 20:00 часот.
Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
Strugaonline

Facebook Коментари