Славчо Попоски: Детална анализа околу СТУДЕНИОТ ФРОНТАЛЕН СИСТЕМ

- Македонија
138

Уште денес попладне особено на север и Долж Повардарието ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/часи истиот ќе услови пад на температурите на воздухот и тоа денес само во северната половина од државава. Облачноста доцна попладне и навечер ќе започне да се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Зголемена облачност ќе има утре и ќе има повремени локални врнежи од дожд кои нешто поинтензивни ќе бидат на запад и на југозапад каде локално ќе има услови и за појава на грмежи. Денес максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени додека посвежо како што кажавме ќе биде на север, утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека во петок ќе биде значително посвежо со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени. Особено студено ќе биде во сабота наутро па така поради разведрувањето минималните температури на воздухот ќе бидат релативно и на повеќе места зимски и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава а ниски минимални температури ќе има и на почетокот од следната недела додека максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст но повеќе нема да бида многу високи како сегашните. Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој од северните предели и од Долж Поадрарието од утре ќе се прошири насекаде низ државава. Во Струга и Струшко утре особено попладне и навечер се очекуваат повремени врнежи од дожд а има услови и за појава на грмежи. Максимумот на температурата денес ќе се искачи до околу 27, утре до околу 26 а веќе во петок до околуј 20 степени додека од сабота наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 7 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари