Славчо Попоски со викенд прогноза: Во Струга ќе биде стабилно, суво и сончево

- Македонија
681
Овој викенд нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево и топло преку ден, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој особено утре ќе засилува на интензитет. Максималните дневни температури на водухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Во Струга и околината ќе имаме стабилно, суво и сончево време додека максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 26 степени. Топлото време ќе се задржи и во првите денови од следната недела.
Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари