Стево Пендаровски: Нема потреба од продолжување на вонредната состојба

- Македонија
445

Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно обраќање информираше дека  продолжување на вонредната состојба која истекува утре, нема да има. Тој додаде дека досега истата  ја прогласувал по претходно доставeно барање од Владата, но сега нема такво барање.

„Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Добив информација дека се обезбедени доволни количини на медицинска и заштитна опрема за слендиот период. Во прилог на тоа говори дека Владата не достави формално барање за воведување на нова вонредна состојба“, рече Пендаровски.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари