УХМР најавува нов влажен бран со дожд и снег на повисоките планини

- Македонија
38

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) најавија нов влажен бран со дожд и снег на повисоките планини.

 

– Утре под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со засилен, а во источните делови и долж Повардарието повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/час). Попладне и во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м² за 12 часа). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, стои во предупредувањето од УХМР.

Facebook Коментари