УХМР: Од понеделник следува значително опаѓање на температурите

- Македонија
219

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.

Во најновата најава од УХМР стои дека во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

фото: архива

Facebook Коментари