Укината забраната за движење во шуми и шумски предели

- Македонија
442

Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата на Република Македонија донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели.

Истовремено, ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

Владата го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15-ти август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса. Согласно оваа информација, Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.

Дополнително, Владата го задолжи ова јавно претпријатие целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

 

Facebook Коментари