Укинување на полицискиот час, да нема ограничување за гости на свадби предлага Комисијата за заразни болести

- Македонија
492

Комисијата за заразни болeти на утринскиот состанок донесе нови одлуки, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Се предлага од среда, 16-ти јуни, целосно да се укине полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да  се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Овие прелог мерки ќе бидат доставени до Кризниот штаб на усвојување.

Facebook Коментари