Утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

- Македонија
553

Пристигнаа 40 илјади четиривалентни вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата ќе почне в петок, а СМС пораки ќе почнат да добиваат граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, информираше на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини, таа за сезонски грип и за Ковид-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинациi.

Вакцините против сезонски грип веќе се дистрибуираат со цел да не се мешаат групите граѓани кои доаѓаат за вакцинација за сезонски грип и за Ковид-19.

– Вакцинацијата ќе се спроведува во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде нема вакцинација за Ковид-19. Може секој граѓанин да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип, посочи Филипче.

Facebook Коментари