Утре започнува второто полугодие, учениците се враќаат во училишните клупи

- Македонија
621

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во земјата.

Oд МОН додаваат дека одлуката  е донесена во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.

Второто полугодие требаше да започне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука распустот да биде продолжен, како мерка за заштита од загадениот воздух.

 

Facebook Коментари