Вчера вкупно се вакцинирале 4.953 граѓани

- Македонија
498

Вакцинацијата против COVID-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

– Вкупно се аплицирани 1.510.665 дози вакцини, а ревакцинирани се 724.835 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.953 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.282 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 67 граѓани. 47% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 43,5% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 52% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, додаваат од Министерството.

Facebook Коментари