Вечерва започнува есента

- Македонија
645

Вечерва во 21:21 часот, започнува есента во земјава и на северната хемисфера. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 06 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Есента ќе трае 89 дена, до 21-ви декември во 20 часот и 38 минути, кога календарски започнува зимата.

На првиот есенски ден времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец.

Facebook Коментари