Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам

- Македонија
843

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва,  се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари