( ВИДЕО) Васил Гарванлиев ја промовираше песната со која ќе не’ претставува на Евровизија

- Македонија
564

„Here I Stand“ е  песната  со која  Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65-то издание на „Евровизија 2021“ во мај во Ротердам, Холандија.

Автор на музиката и текстот е Васил, додека арнжманот и продукцијата ги изработија Давор Јордановски и Борче Кузмановски.

„Со особена чест и љубов ја споделувам овогодинешната песна за Евросонг 2021. Иако песната ги отсликува мене и мојата животна приказна, верувам дека ќе ги допре сите, односно ќе допре до сите нас кои сме поминале низ трнлив пат, сме воделе тешки битки и повторно на крајот сме ја зачувале насмевката“ – напиша Гарванлиев на својот Фејсбук профил.

Facebook Коментари