Викендов започнува зимското сметање на времето

- Македонија
585

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 26 и 27 октомври почнувa зимското сметање на времето, што значи дека во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

StrugaOnline

Facebook Коментари